ЖивотУбави совети

Каков е вашиот одмор?

Едвај го чекате одморот за кој мечтаеете цела година? Се радувате на викендот? И се што сакате е да побогнете од обврските и да не правите баш ништо…

Но, ако одморот или викендот го поминувате пред телевизор или пред Facebook, тогаш грешите. И не сте единствени во тоа! И потоа, сосема е нормално што се чувствувате неисполнето и уморно после одмор или слободен викенд.

Професорот по социологија Роберт Стебинс од Калгари Универзитетот вели дека постојат два вида на одмор: опуштен и сериозен.

Опуштениот подразбира активности како гледање телевизија, шопинг, консумирање алкохол… Ваквиот вид на одмор овозможува краткотрајно задоволство.  Кога задоволството ќе заврши, вие се чувствувате празно! Сериозниот одмор пак подразбира активности кои ве опуштаат, ви помагаат да напредувате како личност и стекнувате ноови искуства. Ваквиот тип на одмор носи задоволство за цел живот.

Психолозите дури и наведуваат какви карактеристики треба да има добриот одмор: да ви понуди социјализација и запознавање на нови луѓе и култури, да содржи активност која ве исполнува, да ви овозможи да им помогнете на другите и да ви понуди друштвена интеракција после која ќе се чувствувате исполнето.

Па, каков ќе биде вашиот одмор?

Поврзани статии

Back to top button