Од насУбави муабети

И така секој месец еднаш/два пати во ПМС! Жена!

И така ќе дојде ред да си легнеш па ќе ти летне мислата, па ќе те навраќа на спомени, па ќе те натера да се покаеш за некои работи, па ќе те изнервира помислата што се си можела да кажеш, ќе си помислиш зошто само тебе не ти оди животот во фин правец, па ќе ти текне дека пријателката е посреќна и пофини работи и се случуваат, па малце ќе и позавидиш, па ќе се сецнеш дека не е во ред тоа, па ќе се прашаш што да облечеш утре, па дека немаш ништо за носење, па ќе ти текне на него, колку уствари се грижи за тебе, а ти жена ко жена нон стоп го критикуваш кога ќе се запие со другарите, па ќе си посакаш да си спиете гушнати, па ќе си поплачеш зошто тој моментално не е тука, па ќе му најдеш критика и спремаш говор што да му изнакажеш утре, па ќе се сецнеш дека си во ПМС, па ќе си поплачеш уште малку, ќе изедеш се што ти е при рака, благо па солено, па благо и пак благо и ќе се умориш и на крај ќе заспиеш! И така секој месец еднаш/два пати во ПМС! Жена!

Поврзани статии

Back to top button