МодаУбави совети
Инстаграм профилите се полни со фотки од овој мек, пријатен и најтрендовски капут оваа зима!
Хаштаг со зборот “Teddy” станува неизбежен на социјалните мрежи на блогерките и вљубеничките во модата ширум светот. Овој капут е дефинитивно најпопуларното парче гардероба во оваа есен и зима, што го потврдува Instagram, кој е преплавен со модни фотографии на кои може да се забележи мекиот Тeddy капут.
И навистина, овие “мечки” капути се толку дебели, како ќебиња, удобно и лесно се комбинираат, особено со кадифе. Носете го со сукњи со долги фустани, широки пантолони и кратки чизми.