ЖивотУбави совети

Идеален против брчки: Направете домашна маска од морков!

За да го зачувате здравиот и убав тен, постои специјална неверојатна маска од морков, која можете да ја направите сами.

Се тврди дека морковите се извор на здравје и дека имаат повеќекратна употреба.

Не е важно дали е свеж и измиен, сварен и испасиран, подготвен самостојно или како прилог на главното јадење, зазема посебно место во исхраната. Во исто време, тој е најдобриот лек, но и совршен производ за нега на кожата.

Доколку сакате да направите маска која истовремено ја храни и освежува кожата на лицето, измешајте една лажица рендано сирење, маслиново масло, млеко и сок од морков. Изматете додека не добиете хомогена смеса, а потоа нанесете на лицето и оставете да делува 20 минути.

После тоа, ставете топла облога над маската, а по пет минути исплакнете го лицето со ладна вода. Оваа маска е погодна за сите типови на кожа.

Ако веќе мачите мака со брчки на лицето, во шолја сок од морков додајте изматена жолчка од јајце и неколку капки маслиново масло. Нанесете ја маската на лицето и вратот и оставете ја да делува помеѓу 20 и 25 минути. Потоа исплакнете со млака вода и нанесете ја секојдневната крема на кожата.

Поврзани статии

Back to top button