ЖивотУбави совети

Не се смеј на туѓата несреќа, можеби твојата ти е на прагот!

Животот често пати знае да биде непредвидлив. Не фер да се однесува кон вас, но, можеби треба да се запрашате зошто? Што не е во ред со вас? Трудете се да живеете квалитетно и умно! Во продолжение ви нудиме неколку моќни мисли кои ќе ви дадат сила за полесно да врвите низ животот.

Никогаш не гради пријателство со човек кој не е подобар од тебе!

Штом мразиш некоја личност значи дека си поразен!

Тоа што успешниот човек го бара во себе, неуспешниот го бара во другите!

Кога го кршиш клучот, мисли на последиците!

Кога им даваш големо значење на ситниците ги запоставуваш крупните работи!

Каде и да одиш оди со целото свое срце!

Не барај од другите нешто што не можеш ти да дадеш!

Кога ќе сфатиш дека не можеш да стигнеш до целта, не менувај ја туку обиди се со поинакви чекори да чекориш кон неа!

Подели совет само таму каде што ти побарале!

Не осудувај ги другите, започни од себе!

Не се смеј на туѓата несреќа, можеби твојата ти е на прагот!

Тоа што можеш да го завршиш денес, не го оставај за утре!

Не дозволувај животот да ти помине во тага, радувај му се!

Шири љубов и онаму каде што нема!

Не критикувај, само помагај!

 

 

Поврзани статии

Back to top button