Зошто тој одеднаш ве избегнува кога сè досега беше толку совршено?
Хм, дали одеднаш почна да те избегнува?
Вакво нешто може да биде многу збунувачки, особено ако сте убедени дека работите се одвиваат доста добро меѓу вас. Згора на тоа, може да ве наведе да мислите дека цело време само ве влечел за нос и дека воопшто немал намера да има сериозна врска со вас.
Доколку моментално сте во ваква ситуација или некогаш сте го доживеале ова сценарио, во продолжение ви откриваме кои причини би можеле да стојат зад неговото однесување.
Се обидува да ги контролира и забави нештата – Не секој маж е подготвен да се заљуби со глава до петици и да и се предаде на девојката што му се допаѓа. Можеби во еден момент почувствувал дека работите излегуваат од контрола и морал да направи чекор назад. Вакво нешто може да заврши на два начина: или ќе ве контактира со желба вашата врска да оди со побавно темпо, или целосно ќе исчезне од вашиот живот.
Тој веќе е во врска со некого – Можеби не сте биле свесни за тоа, но големи се шансите дека токму вие сте таа со која цело време ја изневерувал својата девојка. Причината поради која ја прекинал комуникацијата со вас не е тоа што изгубил интерес, туку дека таа можеби открила дека постоите. Исто така, можеби ве запознал за време на пауза во врската, но сепак решил да се врати кај својата девојка. Во секој случај, не треба да гледате назад..
Му треба простор да размисли дали сака сериозна врска – Можеби и двајцата првично баравте лежерна варијанта на врската, но почнавте да се гледате секој ден, а тој тоа го доживеа како многу интензивен контакт. Можеби не планирал да биде во сериозна врска и му треба малку простор за да ги види чувствата и желбите. Доколку дознае дека е подготвен да ви се посвети, дефинитивно ќе ве извести.
Тој сака да ги заврши работите меѓу вас но не знае како – Може да биде болно да се слушне, но ако без очигледна причина мажот што го познававте до вчера не одговара на пораките или не се јавува, голема е веројатноста дека го користи најстариот трик во книгата – избегнување со цел раскинување. Ова е најсуровиот начин да раскинете со некого, но сметајте дека тој ви направи услуга со тоа што ве поштеди на мизерни изговори.
Не сака да делува премногу заинтересирано и загреано – Некои мажи едноставно сакаат да ги прават работите интересни. Сакаат играта да трае и да изгледаат непобедливо. Можеби неговите намери не се лоши, и нема план да ве повреди, само сака да провери колку сте подготвени да работите околу него. Во зависност од тоа како се чувствувате за ова прашање, треба да одговорите на овој предизвик, или во иста мера, или да му дозволите да види колку долго ќе издржи да биде недопирлив кога ќе му пријде друга девојка во градот.