Зошто сме поефективни кога имаме повеќе обврски?
Дали некогаш сте се запрашале – како е можно кога имате повеќе обврски да ги завршите сите невреме и најдобро? Од друга страна, кога имате само една обврска, ја ставате до точка на исцрпеност… Одговорот го дава психологијата.
Забрзаниот живот во 21-от век не “гази” нас, но научниците докажале дека колку повеќе обврски имаме, толку побрзо и поефикасно ги завршуваме. И затоа, не одбивајте нови задачи, оти на тој начин ќе ги завршите и старите. Исто така, ако ви треба услуга, контактирајте со некој кој веќе има тон обврски, бидејќи е многу поверојатно дека тој на вистински начин ќе ве советува и ќе умее да ви помогне.
Психолозите велат дека луѓето кои имаат многу работа немаат навика да ги одложуваат своите обврски, дека се подобро организирани и научиле да се справат со негативни емоции и ненадејни ситуации. Покрај тоа, тие постигнуваат успех многу побрзо од останатите. Луѓето со мали обврски секогаш ги одложуваат, за пота да настане драма, а оние кои веќе имаат многу обврски умеат да изнајдат начин како би ги завршиле сите навремено и успешно.