ЖивотУбави совети

Зошто паровите кои често патуваат имаат подобар интимен однос?

Има некоја неверојатна магија во самиот чин на патување и пристигнување на некоја необична локација.

Кога последен пат сте уживале во некој од тие заслужени одмори? Знаете на што мислиме, вие двајца, сами без деловни обврски? Патувањето во друштво на саканата личност е уникатно искуство кое не само што ве зближува, туку придонесува и за вашата интимност.

Романтичен викенд за двајца е токму она што терапевтите ги советуваат паровите чија врска е во криза, бидејќи ништо не ја запали љубовната искра како страсните прегратки и бакнежи на нова локација и бегството од реалноста. Згора на тоа, честите патувања со саканата личност може да ви донесат награди кои го надминуваат тој еден викенд на одмор. Според истражувањата, паровите кои често патуваат заедно имаат подобар секс, а во продолжение ви откриваме зошто е тоа така.

Патувањето носи новости – Сите сте го слушнале предлогот дека е време да ги зачините работите во спалната соба кога вашата сексуална рутина ќе стане, така да се каже, „застоена и монотона“. Наместо да потрошите многу пари на скапи секси играчки, едноставно испланирајте патување до убава дестинација со вашата сакана. Новото опкружување и авантурите што ве очекуваат се тие што ја поттикнуваат страста. Самиот факт дека водите љубов на друго место е доволен за да ги разгорите работите меѓу вас двајца.

Кога сте дома, секогаш има многу работи што треба да ги правите, а кои можат да ве одвлечат од вашата мисија – водење љубов со саканата личност. Исто така, има пријатели и семејството, кои понекогаш знаат да дојдат ненајавено. Патувањето ви дава можност да избегате од се што може да ве спречи да се препуштите на страсно водење љубов.

Заедничкото ново искуство зближува – Секако, кога станува збор за секс со некој што го сакате, не е сè до физичката страст. Станува збор за емоционалната интимност помеѓу двајца луѓе. Кога споделувате нови искуства со некој кој ви значи сè на светот, истражувате ново, пробувате нови вина, набљудувате неверојатни сцени и создавате уникатни спомени, создавате посебен вид на интимност што ви дава можност да се поврзете со саканата личност. Сите нивоа, и духовно и ментално, и физички.

Патувањето поттикнува авантуристички дух – Нема сомнеж дека повеќето луѓе ќе изберат авантуристички секс наместо клишеа во форма на мисионерска поза. Самото патување го крева адреналинот и поттикнува авантуристички дух. Додека шетате по улиците на новиот град, зарем не добивате нагон да го влечете вашиот сакан во мрачен агол и страсно да водите љубов со него, дури и по цена да бидете фатени на дело? Или додека вечерате во прекрасен ресторан во кој се слуша романтична музика, не сакате да ве следи до тоалет и да го имате највозбудливиот секс досега со него на лице место?

Поврзани статии

Back to top button