ЖивотУбави совети

1 шолја од овој чај го намалува стресот и нервозата

Како чајот од маточина помага да се намали стресот – овој напиток е природен еликсир против нервоза!

Кога сте напнати, под стрес или нервозни, обидете се да се опуштите по напорниот ден со чаша здрав и природен пијалок. Станува збор за чај од маточина!

Истражувањата покажуваат дека маточината може да го намали стресот и анксиозноста. Растението содржи гама-аминобутерна киселина (ГАБА) која влијае на мозокот и промовира намалување на стресот. Чајот од маточина може да помогне и во намалувањето на негативното расположение, да ја подобри добрата енергија, па дури и да влијае позитивно на сексуалната желба.

Освен што брзо им помага на оние кои се нервозни, маточината има и антимикробни својства и го намалува ризикот од инфекција. Полн е со антиоксиданси кои се неопходни за детоксикација и заштита на организмот од оштетувања предизвикани од слободните радикали. Сепак, за целите на детоксикација, се препорачува да се користат свежи листови од маточина бидејќи готвењето го намалува нивото на антиоксиданси. Искуството покажува дека маточината може да помогне и при горушица.

Важно е да се напомене дека не треба да претерувате со маточината, бидејќи може да предизвика контра ефект и да ја зголеми анксиозноста кога се користи во големи количини. Како да направите чај од маточина:

Прелијте ја лажицата маточина со 200 мл зовриена вода и оставете да отстои 10 минути. Процедете го чајот и уживајте во напитокот. маточината има благ и пријатен вкус, а за дополнително задоволство можете да го засладите со малку органски мед.

За здравје, маточината се користи и во форма на ароматерапија, а тинктура од ова растение се консумира и како додаток во исхраната.

Поврзани статии

Back to top button