ЖивотУбави совети

Зошто е корисно да се смеете?

Корисно е да се смеете и да ширите насмевки пред се затоа што е здраво. Докажано е дека среќните и насмеани луѓе се поприфатени во средината и омилени во секое друштво. Во продолжение неколку интересни вицеви кои ќе мора да ги споделите со вашите пријатели и заедно да се насмеете на глас!

Босанец, Хрват и Црногорец дошле малку порано на железничката станица, па седнале да испијат по некоја ракија.
Меѓутоа, се запиле, па задоцниле на воз. Кога истрчале на перонот возот веќе тргнал. Се затрчале сите тројца по возот и како и во секој виц, Црногорецот прв се откажал. Хрватот трчал уште малку, па и тој се откажал. Но Босанецот се заинаетил, па запнал да трча сè посилно и посилно, ја испружил раката, се фатил за некоја шипка, ја зграпчил, се префрлил и влетал во возот ко Индијана Џонс.
А Хрватот и Црногорецот целите задишани и зачудени гледаат во него, по што Црногорецот рекол:
– Види го животно, а дојде само да нè испрати!
Лавот ги собрал на куп сите животни и им наредил:
– Убавите ќе застанат од левата страна на потокот, а интелегентните од десната.
 Почнале да се редат животните и сите си го зазеле местото, само жабата стои здрвена во место.
 Лавот ја прашува:
– Жабо, што чекаш ти?
– Па,тогаш да се расчеречам!
Која е разликата меѓу Преродбата во сто чекори и акумулатор?
– Акумулаторот има и позитивна страна.
Во морето весело пливало семејство сардини. Наеднаш здогледале подморница. Најмалата сардина се исплашила и се сокрила зад мајка си.
– Не се плаши, – и’ рекла мајка и’ – тоа се само луѓе во конзерва.
Седат два Грка во авион, до прозорецот и на средното седиште. Доаѓа Трпе, седнува до нив, се раскомотува и ги соблекува чевлите. Гркот до прозорецот вели:
– Мислам дека ќе одам по кока-кола.
 На тоа Трпе му вели: – Братче, да не се провлекуваш, јас ќе ти донесам.
 И додека бил отсутен, едниот Грк му плукнал во чевелот. По пет минути, истата сцена, само со вториот Грк и со другиот чевел. Слетува авионот, а Трпе ги облекува чевлите, се намуртува и вели:
– До кога, бре, оваа омраза, нетрпеливост, плукање во чевлите, мочање во кока-колата?!
Во некое македонско министерство снемало струја, па министерот се појавил пред службениците.
– Денес сè ќе правите рачно – им наредил.
И тогаш сите извадиле по еден шпил карти.
Влегува тип во кафана и уште од вратата извикува: – Сите политичари се кретени!
Еден од гостите станува и вели: – Еј, немој да навредуваш!
– Зошто, да не си политичар? – прашува типот.
– Не, јас сум кретен!
Која е разликата меѓу мажот и кучето?
– Нема разлика. И обајцата те гледаат како да те разбираат.

Поврзани статии

Back to top button