Убави вести

Зои Блаж – Девојка за се!

Сите ја препознавате по ангелскиот глас и милиот лик. На музичката сцена таа се издвои и докажа како одличен вокал, но нешто што за неа не сме знаеле и за нас е ново е нејзиниот тален за разубавување. Вели дека одамна се занимава со шминка но не и професионално. Идејата да започне да заработува од овој нејзин талент и ја поддржале нејзините блиски и од сега секоја од вас може да се разубави токму кај неа.
Таа е вашиот спас! Кога нема да знаете каде да закажете квалитетна шминка со внимателно одбрани козметички препарати ѕирнете ја нејзината фан страна  STAR Make Up. Ќе се воодушевите, оти Зои навистина ја бива за се, едноставно и на ова поле таа го достигнува врвот!
Зои советува: Лесна и не многу нападна шминка да користите преку целиот ден, а вечерната слободно нека биде впечатлива и уникатна. Блескајте до совршенство!

Поврзани статии

Back to top button