Убави вести

За многу години нека е Воскресението Христово

Православните христијани денес го слават својот најголем празник Воскресение Христово.

Пред се, Воскресението или Пасха Господова означува премин. Премин од смртта кон вечноста. Радост за победата над смртта, радост за победата над гревот бидејќи Христос го разурна темното царство на злото, го разурна адот, го ослободи заробениот човечки род и ја возобнови заедницата на љубов меѓу Бога и човекот. Но, покрај сите традиции и обичаи во кои верува народот, сепак треба да се спомене и да се потсетиме на важноста за вистински да се радуваме, за вистински да го живееме Воскресението Христово. До неодамна, нашите предци се ова добро го знаеле, но ние денес на жалост многу сме изгубиле и заборавиле. За да се наречеме Православни Христијани и да го носиме славното име Христово потребно е да живееме вистински личносен однос со Бога, а тоа значи редовно да пристапуваме кон таинства исповед, покајание, причестување. Затоа повикот на Бога и слободата на избор е кон сите упатена. Христос се распна и воскресна заради нас, заради човекот… За неговата безгранична љубов не може ниту да се говори, ниту да се пишува, може само да се молчи и созерцува.

 

 

 

Поврзани статии

Back to top button