ЖивотУбави совети

Знаете ли кои се придобивките од чајот од банана?

Ако се уште не сте слушнале за придобивките од овој чај и не сте го пробале, време е да направите чај од банана.

Љубителите на жолтото тропско овошје – банани – знаат колку се значајни да бидат дел од нашата исхрана. Тие можат да бидат додадена состојка на многу десерти, лебот од банани е исто така доста актуелен во последно време, можат да бидат најдобрата закуска или додаток во исхраната, а истовремено се полни со добри витамини и минерали.

Сепак, дали знаевте дека бананите имаат друга супер моќ?

Имено, кога не можете лесно да заспиете, а не сакате да пиете лекови, чајот од банана ќе го реши вашиот проблем. Магнезиумот што го содржи ги релаксира мускулите и со тоа го смирува организмот. Овој природен пијалок е одличен за мирен и квалитетен сон.

Дури и оние кои не страдаат од несоница можат да уживаат во оваа вкусна течност. Во овој чај можете да додадете и малку цимет, лажичка мед или малку ванилин шеќер за уште подобар вкус.

Чај од банана: Добро измијте ја бананата без да ја излупите. Исечете ги краевите од бананата, останатиот дел ставете го 1/2 л врела вода и варете 10 минути. Кога ќе се свари, извадете ја бананата, оставете чајот малку да се олади и потоа со додатоци по желба пијте го. За решавање на проблемот со несоница најдобро е да не додавата ништо во чајот. Пред спиење една шолја чај од банана ќе ви го подобри сонот загарантирано.

Поврзани статии

Back to top button