ЖивотУбави совети

Пуштете го детето да оди босо!

Во периодот кога децата проодуваат, родителите се грижат максимално околу изборот на обувките, квалитетот и удобноста.

Но, добро е понекогаш детето да го ослободите од чевлињата!

Од периодот на раѓање до проодувањето, бебешките стапала се обложени со масни наслаги кои имаат улога да ги штитат мускулите и коските. Тие наслаги им помагаат кога проодуваат затоа што ја прават површината на која газат – помека. Благодарејќи на овие наслаги, бебето има чувство како да оди по облаци и им се намалува стравот од движење.

Кога вашето дете проодува, тоа треба да биде што почесто босо, а не со обувки, бидејќи вашето малечко ги доживува обувките како страно тело и ќе се обиде да ги отфрли. Од друга страна, научно докажано е дека чекорењето по песок или трева помагаат за правилен развој на стапалата и спречуваат појава на рамни стапала.

Босите ноџиња исто така помагаат за оддржување на рамнотежа која детето ја совладува додека учи да оди.

Поврзани статии

Back to top button