Убави книги и филмови

За убав понеделник – три убави книги!

Започнете ја работната недела со една од овие интересни романси. Предлог три книги кои вредат да бидат прочитани.

Избриши ги солзите (Линда Хауард) Водена од опсесијата да ги пополнува празнините во туѓите животи, Мила Еџ има неверојатна страст, инстинкт и дарба за пронаоѓање исчезнати деца. Кога сè друго изгледа изгубено и беспомошно, очајни души од сите страни на светот доаѓаат кај неа за надеж и помош. Со работата, Мила се бори да побегне од бруталните емоции кои ја јадат однатре затоа што има само едно дете кое не може да го пронајде со години… а тоа е нејзиното дете. Кога добива дојава за синџир за трговија со бебиња во мало село во Мексико, Мила тргнува да истражува без двоумење. Клучен човек во организацијата е маж со едно око, кој Мила патем добро го помни од минатото. Очајна да го најде, Мила се здружува со Џејмс Дијаз; сомнителен странец кој делува подеднакво опасно како и луѓето кои ги бараат. Иако истрагата станува сè пожестока, Мила нема намера да се откаже. Иако сите ѝ велат да престане да го бара своето дете зашто веќе се изминати десет години, таа не слуша никого. Мила е жена борец, волчица подготвена на сè за да го најде своето дете. Па макар и соочена со опасен маж, платен убиец, кој би можел да ја замолчи засекогаш.

Вистинскиот за мене (Кејти Еванс) Паднат боскер.
Жена со скршен сон.
Мрачна тајна што има моќ да уништи сè… Тејт Ремингтон – едниот и единствен – е ѕвезда на опасните борби во подземјето. Жените го обожаваат, сонуваат за него и збеснуваат по него. Мажите му завидуваат и сакаат да бидат како него. Кога Брук случајно завршува на негова борба и тие прекрасни сини очи се вперуваат во неа, таа заборава сè, дури и сопственото име. А неговото величествено, мускулесто тело дополнително придонесува за ова. Нејзиниот живот се превртува наопаку кога ова совршенство ѝ нуди работа која може да ѝ отвори многу врати во животот. Но поранешниот боксер е непредвидлив и опасен и ја привлекува, онака неодоливо, животински. Ремингтон Тејт е најсилниот, но и најконфузниот маж што некогаш го запознала. Во нивниот комплициран работен однос, копнежот се меша со доверливост, врели бакнежи со болка и страв – страв дека двајцата може да бидат уништени од неговата мрачна тајна…

Невидлива убавина (Ејми Хармон) Емброуз Јанг е прекрасен. Висок и мускулест, со коса што малку му ги допира рамениците и очи кои горат, те прободуваат. Од оној тип убави мажи чии фотографии завршуваат на кориците на љубовните романи. Ферн Тејлор најдобро знае затоа што таа чита такви романчиња уште од тринаесет години. Но токму затоа што е толку прекрасен, Ферн го смета за некој кој никогаш не би можела да го има… сè до моментот кога, тој одеднаш не е прекрасен веќе. „Невидлива убавина“ е приказна за еден мал град каде петмина млади мажи заминуваат во војна, а само еден од нив се враќа назад. Приказна за загуба – колективна загуба, индивидуална загуба… Изгубена убавина, изгубени животи, изгубени идентитети. Приказна за љубовта на една девојка кон скршено момче и љубовта на еден ранет војник кон сосема невпечатлива девојка. Ова е приказна за пријателство кое ги лечи сите болки, хероизам кој ги побива сите општи дефиниции и модерна приказна за Убавицата и ѕверот, која ни покажува дека има по малку убавина, но и по малку и од ѕверот, во секој еден од нас…

Поврзани статии

Back to top button