ЖивотУбави совети

Заборавете дека сте на диета!

Најдобри совети како да заборавите на фактот дека сте на диета. Повеќето од нас знаат колку е тешко да се биде на диета, а лошото расположение и борбата со глад се само некои од причините поради кои често се откажуваме. Но, пред да размислите за откажување, обидете се со трикови со кои губењето на тежината ќе стане полесно отколку што можете да си замислите.

Важно е да пиете многу вода. Стаклено литарско шише имајте пред вас на масата секогаш. Кога и да помислите на храна напијте се вода. Наутро штом се разбудите испијте барем чаша и половина вода.

Наполнете го фрижидерот со здрава и свежа храна. Кога и да го отворите во било кое време од денот да немате по што калорично да посегнете.

Еден час во денот потрошете за вежбање. Изедете некое овошје пред да започнете и додека вежбате пијте голтка по голтка вода. Вежбајќи ќе забравите дека гладот е присутен.

Излажете го мозокот. Колку и да ви говори дека сака тестенини или благо. Засладете се со овошје. Оброците сервирајте ги во мали чинии, така ќе делуваат поголеми и пополни. Кога ќе ја погледнете полна чинијата мозокот ќе добие порака дека станува збор за голема количина на храна.

Во исхраната додадете ленено семе. Тоа ќе ви го убрза метаболизмот со сигурност. Приготвувајте си и зелен чај редовно. Во водата може да ставите и некое парче лимон за да добие вкус.

 

Поврзани статии

Back to top button