Од васУбави муабети

ЖИВОТОТ – ТРКАЛО ШТО ПОСТОЈАНО ЌЕ СЕ ВРТИ

Ние луѓето ќе бидеме застанати до тоа наше тркало на предизвици, што ќе го завртиме со секоја помината секунда. Како луѓето ќе препознаат кое тркало е нивно? На средината на секое тркало во тој круг ќе биде испишано името на секој човек. Да не постојат забуни или некој друг човек да не заврти сосем туѓо тркало. Иако, со тоа тркало ќе бидеме вечни другари од нашето раѓање до умирање. На тркалото наизменично ќе бидат обоени црвени и црни линии. Потајно во себе луѓето би посакале секогаш тоа тркало да застане на стрелката на тие црвени линии коишто ќе ја означуваат среќата. Токму на тие црвени линии ќе бидат испишани различни пораки за убав ден, радост/љубов/пријателства. Ќе кажуваат за различни периоди од нашите животи, но, како такви ќе бидат вредни за живеење и учење нови лекции преку предизвици. Со насмевки на нашите лица ќе ги прочитаме тие пораки и луѓето низ солзи ќе се навратат на спомените од минатото. Срцето постојано ќе ни трепери од возбуда за таа порака. Како да сака тоа самото да ни каже – да се смириме ние, иако ќе нѐ обземе некое чувство на носталгија. Но, додека постоиме, и носталгијата ќе биде наша попатна станица. Сепак, стрелката на тоа тркало нема да може да биде само на црвените линии, понекогаш ќе застане и на црните линии. Комбинацијата од такви линии ќе биде присутна дури и во нашите животи. Црните линии значи дека пред нас ќе се отвори тој црн круг и ќе паднеме во некоја темна просторија од којашто нема да постои излез. Во таа просторија отсекаде луѓето ќе слушаат различни звуци на страшила, а мракот ќе ни биде најдобар пријател. Стравот ќе не издаде преку нашите крикови, додека облеката ќе ни се тресе како силен ветер што ќе ги носи нашите алишта на 300 страни. Тука ќе бидат пресудни и чекорите. Еден погрешен чекор ќе нѐ внесе во сосем друга пострашна просторија од оваа. Луѓето ќе се запрашаат дали тогаш ќе можат да покажат отпор за да побегнат одовде? На која страна да заминат, притоа таа да биде нивна сигурност за излез од оваа просторија. Без да направат каква било грешка, бидејќи тоа може да им го одземе и сопствениот живот. Сега нема да има место за грешки, туку луѓето треба да размислат детално, да направат план и да го употребат најдобриот метод. Со тоа ќе ги пронајдат и одговорите на нивните прашања. И така, цел живот ќе се вртиме на тркалото, со менување на местата. Понекогаш ние луѓето ќе го завртиме тоа тркало, но, може да биде и обратно. Без разлика на тоа, каков и да биде животот, луѓето ќе го живеат секој ден како да им е последен.

Наташа Нате – Малечка ( Куфер од желби)

Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk

Поврзани статии

Back to top button