Ефикасна диета со банани!
Бананите се богати со скроб, што има низок гликемиски индекс. Полека се вари и остава чувство на заситеност подолго време. Идеални се за појадок пропратен со чаша млака вода.
Со оваа диета денот секое утро го започнувате со чаша млака вода и банана. Тоа влијае на губење на тежината, бидејќи бананата го стимулира варењето и го забрзува метаболизмот. Луѓето кои сакаат да ја спроведат оваа диета треба да избегнуваат вечера по 8 часот навечер и да се избегнува десерт по вечерата. Од храна треба да не се консумираат само млечни производи и алкохол, а друг услов е бананите да бидат секогаш свежи.
Дневното мени треба да го вклучуваат следново:
Појадок
-Една или повеќе банани (додека не се чувствувате сити)
– Една чаша топла вода
Ручек
– Оброк по ваш избор и свежа салата
– Слатки и десерти се дозволени до 3 попладне
Вечера
– Оброк кој содржи многу зеленчук
– Прескокнете десерт
Ако ги следите правилата, нутриционистите велат дека за една недела голема е веројатноста да намалите 5 килограми од вашата тежина.