Домашни, зелени и вкусни тортиљи!
Тортиљите се многу популарни кај нас веќе неколку години. И благодарение на развојот на кујната, денес имаме многу варијанти и вкусови.. Зелени, вкусни и меки тортиљи само за неколку минути.
Потребни состојки:
3 чаши спанаќ
1/4 чаша вода
2 чаши интегрално брашно
1/2 лажичка бело брашно и сол
Подготовка:
Ставете го спанаќот во шерпа, прелијте со вода и варете, на умерен оган, 4-5 минути (додека спанаќот не омекне).
Варениот спанаќ процедете го и ставете го во блендер. Мешајте додека не добиете мазна смеса.
Измешајте брашно и сол во голема чинија.
Додадете ја смесата со спанаќ и мешајте додека не се соединат сите состојки.
Истурете малку брашно на работната површина и развлечете го тестото.
Одделете ги топчињата и тркалајте со сукало (додека не добиете палачинка, слична на тортиља).
Печете во тава од минута до две на средна топлина.
Може да послужите тортиљите со вашиот омилен вегански сос или празни, во зависност од личните преференции.