МодаУбави совети

Долго сако е во тренд – комбинирајте го правилно!

По мала обиколка по продавниците и следење на социјалните мрежи лесно може да се забележи дека во моментов апсолутен тренд е долго сако. Сведоци сме дека сакоата со карирани дезени се во мода, но и оние еднобојните, малце поголги сакоа се враќаат повторно на врвот на листата на трендовски модни парчиња.

Убава вест е што овој модел се носи и одговара на секој моден аутфит, во лежерни дневни комбинации и во елегантни ноќни. Со патики и високи потпетици, со фармерки, панталони или мини здолништа од истиот дезен може да ги носите и да изгледате урбано и привлечно секојдневно. Погледнете ги фотките во продолжение, уверете се дека едно вакво сако може да ви го освежи и истакне стајлингот.

Поврзани статии

Back to top button