Од насУбави муабети

Како да ти верувам, зар повторно со ист куршум да се погодам?

Те немаше, те немаше толку денови, месеци, години те немаше. Нас не немаше. Што сакаш сега? Зошто баш сега? Каде беше до сега? Што ли правеше? Среќен ли беше? После средбата, хаос во главава ми остана. Прашања не одговорени кои ме мачат од утро до мрак. Постојано ми одѕвонува таа една па иста реченица, твоја реченица. “Да се обидеме пак, можеби ќе не биде?” и пак таа помисла ме плаши, ми создава трепет во градиве. Зошто баш сега кажи ми? Баш сега ли, кога решив и започнав нешто ново? Како тоа од кое не знам што ќе биде, а засега фино тера, јас за тебе, за нас да го прекинам? За нас, кои сме толку неуки кога станува збор за нас. Не знам како со тебе, не знаеш како со мене. Смачено ми е да бидам погрешно разбрана, да се расправам и да се правдам. А, знам. Знам од очите љубов за мене ти излегува, но не можам. Се плашам, се плашам дека ќе ти се вратам и пак тажна ќе станам. Научи ли дека гордоста се остава позади љубовта? Научи ли дека искреноста е поважна од сопственото его? Како да ти верувам, зар повторно со ист куршум да се погодам?

Поврзани статии

Back to top button