Од насУбави муабети

Зошто луѓето се китат со перја кои не им прилегаат?

Знаете ли дека колку и да сакате некогаш да сокриете дали се чувствувате среќно или тажно не можете. Можеби, на прв поглед ви изгледа дека оној наспроти вас сте го измамиле но, воопшто не е така.

На секој, буквално на секој човек на лице му се гледа тагата, маката и среќата. Лажните насмевки, тон шминка и претерано смеење само ја потенцираат тагата која ја носите. Не китете се со перја кои не ви прилегаат. Бидете секогаш природни, бидете свои. Што и да чувствувате тоа е само за вас, ваше е. Ако излажете некој за своите чувства не постигнувате ништо, само себе си се залажувате. Тагате не прави не убави, лоши, намуртени и разочарувањето ни се одсликува на лице. Прави луѓето да мразат и да пркосат. А, пак, среќата не прави убави, привлечни со сјај во очите и слатка насмевка на усните. Да се биде убав не е многу лесно, но кога сме среќни се е поинаку, полесно и поведро.

Затоа трудете се да бидете сакани, среќни, да ширите позитивна енергија, да имате позитивни мисли и да ги правите луѓето среќни. Сакајте се сами себе си во огромни количини, сакате ги ближните и избраната совршена половина. Љубовта кога се полева со љубов расте со брзина на светлината. Маѓепсајте си луѓето со добри дела. Оти од завис и тага никој аир не видел!

Поврзани статии

Back to top button