ЖивотУбави совети

Дали може да се спречи изневерување?

Експертите веруваат дека прељубата може да се случи во секоја љубовна врска, без разлика колку е силна и стабилна. Од искуството на многу терапевти специјализирани за проблемите на вљубените парови, една навика најчесто е причина за неверство.

Станува збор за избегнување на конфликт. Многумина од нас ги задржуваат за себе сите свои чувства, но тоа станува особено штетно ако станува збор за негативните емоции, сомневања или проблеми. Иако мислиме дека со туркање на некои негативни чувства под тепих за да избегнеме расправија правиме вистинска работа, во некој момент ќе започнеме на партнерот да му префрламе и да го критикуваме за тој проблем а никогаш отворено не сме разговарале.

Наместо да се седне и да се воспостави здрава комуникација, да се каже се што се чувствува и мисли полесно е да се изневери…

Експертите сметаат дека само со искрен разговор може да се спречи прељуба, а пред тој разговор мораме да се запрашаме сами себе си со следниве прашања:
1. Дали има нешто што не можам лесно да го споделам со мојот партнер?
2. Зошто се плашам да го споделам тој проблем со него?
3. Што очекувам од него?
4. Кој е клучот за моето добро, а не го добивам од него?

Конфликтот не е секогаш лош и природно е да се дојде до него, па затоа не треба да се плашиме или да го избегнуваме, бидејќи, благодарение на конфликтите, партнерите често добиваат можност да дознаат кои фактори во односот го создаваат проблемот. Ако ги избегнуваме, лесно може да се случи незадоволство, очај и презир.

Токму презирањето се смета за најголемиот непријател на браковите и врските, велат стручњаците.

Поврзани статии

Back to top button