ЖивотУбави совети

Дали знаете дека една крвна група има поголеми шанси да настине на одмор?

Експертите од Универзитетот во Вашингтон ја истражувале поврзаност на настинките и патувањето, и сфатиле дека навистина постои ризик за настинка на одредена крвна група.

Поради тоа, научниците советуваат да се зголеми имунитетот за превентивно да се спречат стомачните и другите вируси. Истражувањето докажало дека во тек на патување најчесто се разболуваат лицата со крвна група А. Истражувањето исто така покажало дека тие, особено во детството, се подложни на тешко стомачни инфекции во однос на членовите на другите крвни групи.

Анализата на крвта покажала дека овој проблем предизвикува бактерија ешерихија која напаѓа кога има слабост во организмот, односно слаб имунитет,  што е карактеристично за луѓето со А крвна група.

Поради тоа, научниците велат дека пред да патуваат овие луѓе, треба да поработат на зајакнување на организмот, да примаат свежа храна, овошје и зеленчук во големи количини, за да не им пропадне патувањето.  Исто така, препорачливо е да се пие флаширана вода.

Поврзани статии

Back to top button