ЖивотУбави совети

Мусака на невообичаен начин

Сите знаеме дека мусаката се прави со компири или црни патлиџани и мелено месо. Но, денес ви нудиме еден поинаков рецепт за ова традиционално јадење: мусака со домати и тиквици.

Потребни ви се: 1 голема тиквица, 4 домати, 400 гр. сирење. 3 јајца, 3 лажици павлака, сол, бибер, масло, босилек.

Тиквицата и доматите убаво измијте ги, па исечете ги на кругови. Сирењето исечете го на ситни коцки. Наредете ги во огненоотпорен стаклен сад за печење намачкан со малку масло, а измеѓу нив ставете гранчиња босилек. Ставете на печење. Печите на температура од 220 степени, околу 20 минути. Извадете го садот ставете сол и бибер, измешајте, па одозгора додајте им ги јајцата кои претходно сте ги изматиле со павлаката. Печете уште 5 до 10 минути.

Поврзани статии

Back to top button