МодаУбави совети

Во мода е дискретен накит!

Кога станува збор за модните додатоци и накитот, есента ни носи еден нежен тренд кој ќе ги освои девојките и жените ширум светот. Актуелен ќе биде дискретниот накит кој ќе зборува за вашата елеганција.

Што се однесува до ѓерданите, тие ќе бидат минималистички. Одберете тенка среберна сајла и привезок или долго синџирче кое визуелно ќе ве издолжи. На чокер ланчињата полека ќе им минува модата и ќе бидат заменети со тенки ланчиња од злато или сребро, а текстилот и пластиката ќе ги подзаборавиме некое време.

Прстените повторно ќе бидат во фокус. Ќе важи правилото: што потенки тоа подобро, колку повеќе – толку подобро! Ќе бидат во мода прстени кои ќе наликуваат на тенки бурми, со гравури и филигрански кои имитираат дезен на чипка.

Обетките оваа сезона нема да бидат многу актуелни, па затоа заменете ги со белегзии. Трендовите најавуваат дека ќе нодиме белегзии со часовник, популарните Пандора алки и тенки алки со нежни и дискретни додатоци.

Поврзани статии

Back to top button