Убави дестинации

Волшебна дестинација која ќе ви го понуди најдобриот одмор во вашиот живот!

Искористете го максимално летото и дозволете си едно уникатно патување кое засекогаш ќе остане во вашите сеќавања.

Големиот Гете еднаш запишал дека Италија не би била тоа што е, ако ја немаше Сицилија. Таа е автономен регион во Италија и најголемиот остров во Средоземното Море.

Плажите овде, се приказна која мора да се доживее. Сицилија е позната по прекрасните плажи со ситен песок и кристално сино море, кои се максимално уредени и совршени за убав и долг летен одмор.

Се разбира, Сицилија не ја прават само плажите, туку и нејзината кујна и историја.

Сицилија е позната по чоколадото и слатките работи за кои се смета дека се долго чувана тајна на калуѓерките кои живеат во манастирите. Најпознатиот десерт е касато тортата чиј вкус ќе ве воодушеви. Овој остров е познат и по одгледувањето на егзотичното овошје како што се кивите и мангото. Најпознатиот италијански специјалитет, пицата, на Сицилија се подготвува на поинаков начин, со подебело тесто и се нарекува сфинчоне. Она што е најдобро е тоа што на Сицилија сладоледот е идеален избор за појадок.

На Сицилија се простираат и полиња со лозови насади, а некои од најпознатите локални вина се: Corvo di Salaparuta, Marsala, Moscato di Pantelleria, Malvasia delle Lipari, Eloro Nero d’Avola, Cerasuolo di Vittoria и Etna. Нивниот вкус долго ќе ги гали вашите усни.

Кога станува збор за архитектурата, најважните сицилијански градби постојат уште од антиката. Има многу храмови со старогрчка архитектура и печат од старото Римско Кралство. Задолжителни за посета се остатоците од храмовите во Селинтина и Сиракуза, амфитеатарот во Катанија, црквите San Giovanni dei Lebbrosi, San Giovanni degli Eremiti и San Cataldo во Палермо, дворецот Урсино во Катанија и дворецот во Сиракуза. Посетете го и театарот Масимо во Плаермо, најголемата оперска сала во овој дел на Италија.

А, она што никако не смеете да го пропуштите на Сицилија е посетата на единствениот активен вулкан во цела Европа, Етна. На овој вулкан околу 400 кратери се неактивни, додека само неколку покажуваат знаци на активност.

Сицилија дефинитивно е дестинација која ќе ви го понуди најдобриот летен одмор во вашиот живот во кој ќе уживате со сите сетила.

Поврзани статии

Back to top button