ДомУбави совети
Внесете бои за разигран дом
Последниве неколку години актуелни се венецијанките, ролетните и зебра завесите, но тоа не значи дека треба да заборавиме на старите добри завеси бидејќи тие имаат моќ да му дадат топлина и шарм на животниот простор.
Токму оваа пролет вратете ги завесите во вашиот дом и направете една пријатна и топла средина каде ќе уживате со најдрагите. И внимавајте, вашите завеси не смеат да бидат бели или нежно крем бидејќи ќе бидат здодевни. Внесете бои во домот за подобро расположение и поуникатен дом!
Одберете завеси со интересни дезени, во штосни бои или бидете малку похрабри, па на еден прозорец комбинирајте завеси во повеќе бои и постигнете максимален ефект на разиграност и топлина во домот!