ЖивотУбави совети

Најлесниот рецепт за солени крофнички со кашкавал!

За денес подгответе меки крофнички со кашкавал, ќе ужива целото семејство!

Потребни состојки: 150гр бело брашно, 150гр интегрално брашно, 1/2л минерална вода, 2 лажици ракија, 250гр кашкавал, масло и сол.

Подготовка: Просејте го брашното и измешајте го со сол. Потоа додавајте малку по малку вода и мешајте го се додека не добиете течно тесто. Додајте ја ракијата, поклопете го тестото и оставете го на ладно место еден час, па додајте го кашкавалот исечкан на коцки. Од смесата со лажица правете топчиња и пржете ги на загреано масло. Крофните пржете ги од двете страни се додека не заруменат, па вадете ги со лажица – цедалка и спуштајте ги врз салфета за да се впие вишокот маснотија. Сервирајте ги топли.

Поврзани статии

Back to top button