ЖивотУбави совети

Вкусни рецепти од мексиканската кујна

Мексиканското поднебје е познато по богатството на вкусови кои ги нуди и уште во минатото на мексиканските простори жените приготвувале одлични јадења кои ги восхитувале туристите. За вашето денешно мени ви нудиме традиционални мексикански рецепти кои ќе го донесат вкусот на оваа земја во вашата кујна, а вашето семејство ќе ужива во вкусен ручек.

Мексиканска салата со печени пиперки

8 зелени пиперки за печење (околу 1.5 кг)

2 лажици маслиново масло

100 гр. лук

50 гр. коријандер

600 гр. домати

4 чили пиперчиња

2 средно големи авокада

2 лажици сок од лимета

сол

¼ лажица црн бибер

1 лажица мешани суви зачини (босилек, оригано, нане)

Винска кислеина

Пиперките попрскајте ги со маслиновото масло и печете ги во загреана рерна на 200 степени. Повремено свртувајте ги. Откако ќе бидат готови, излупете ги, исчистете ги од семето и оставете ги добро да се изладат. Потоа, лукот исецкајте го на малечки парчиња и попрскајте со винска киселина. Откако пиперките ќе се изладат измешајте ги со лукот. Доматите исецкајте ги на коцки, додајте им ги коријандерот, чили пиперчињата, сокот од лимета, ситно исецканото авокадо и сувите зачини. Измешајте добро и додадете ги доматите во чинијата со пиперките. Зачинете со сол и бибер. Салатата послужете ја на листови од зелена салата или такоси.

Тортиљи со пилешко месо

8 тортиљи

100 гр. салса сос

400 гр. пилешки гради

2 лажици маслиново масло

200 гр. моркови

300 гр. компири

1 лажица нане

1 лажица оригано

1 лажица босилек

1 мала лажичка чили зачин

сол

100 гр павлака

4 листа зелена салата

Варете го пилешкото околу 30 минути на тивок оган.

Во друго тенџере, варете ги исецканите моркови и компири.

Загрејте го салса сосот и со него намачкајте ја секоја тортиља. Ставете ги веќе обарените пилешко месо, компири и моркови, додадете ги зачините и замотајте во ролна. Вака завитканите тортиљи печете ги во загреана рерна на 200 степени околу дваесет минути. При крај на печењето посолете малку. Испечените тортиљи послужете ги на листови зелена салата и топчиња павлака.

После ручекот, послужете кафе и чоколадо со чили вкус.

 

Поврзани статии

Back to top button