ЖивотУбави совети

Вкусна идеја за денешниот ручек – пилешко со сос од праска!

Се двоумите што вкусно да ручате денес? Подгответе вкусно пилешко со сос од праски.

Потребни состојки: 600гр пилешки гради, 1 праска, 1 страк млад кромид, 1 страк целер, 1 морков, мајоран, сок од половина лимон, 50гр урда, 2 лажици масло, сол и црн пипер.

Подготовка: Исечкајте ги целерот, морковот и кромидот. Варете ги 15 минути во сад со 5дл посолена вода и неколку зрна црн пипер. Додајте го месото и варете ги сите состојки уште 20 минути. Потоа исечкајте го месото и полијте го со супа измешана со сок од лимон. Ситно исечкајте го младиот кромид и пржете го на масло со неколку лажици вода. Додадете ја праската исечкана на мали коцки и пржете ја 3 минути. Потоа, испасирајте ја смесата па додадете ја урдата и повторно мешајте да се соедини смесата заедно со една лажица од маринадата. Исцедете го месото, ставете го во чинија за сервирање, полијте го со сосот од праски и посипете го со мајоран.

Наздравје!

Поврзани статии

Back to top button