Од насУбави муабети

Брзото животно темпо не отуѓи од сопствените деца – наместо играчка подарете им топла прегратка!

Во денешно време, кога се чини дека работната недела не завршува и кога нашите деловни обврски не загушуваат како чудовишта кои се повеќе се околу нашиот врат, улогата на родителите е под страшен притисок. Повеќето луѓе мора да работат прекувремено за да ги надминат финансиските проблеми, не постојат викенди за уживање а работата за жената никогаш не престанува дури и кога таа доаѓа дома од работа. Жената има многу повеќе обврски кои итно треба да се решат за да може домаќинството да функционира непречено, здраво и нормално. Ни се чини дека децата поради оваа страшна живеачка страдаат и имаме чувство дека токму нив ги игнорираме, па се обидуваме се да направиме во тоа малку време кое го поминуваме со нив, за да се компензираме со прекумерна милување и вршиме несвесно притисок врз детето. Конечно, може да констатираме дека нашиот хроничниот недостаток на време за семејни моменти и воспитување на детето, влијае врш нашето дете и тоа станува размазено.

Секое дете, според неговиот карактер, си бара внимание и љубов од родителите до потребниот степен, како и родителски фокус на нивниот мал чудесен свет. За децата не постои ништо поважно од вистинска потреба за родителско внимание и посветеност како и одговор на време на своите мали и големи прашања кои се постојано во потрага по одговор.

Доколку вашето дете постојано го мотвирате и подмитувате со награди, тоа целосно ќе подлегне на ситуацијата и ќе стане размазено. Нема да му го надокнадите вниманието кое не му го посветувате со скапи играчки, мобилни и компјутери. Направете компромис помеѓу работата и семејството, научете го на време своето дете на вистинските животни задоволства и среќа. Смирен муабет и топла прегратка наместо нова играчка. Секоја слободна секунда користете ја заедно. Уживајте во глетката на тоа мало суштество, оти животот лета, децата си растат а работата не чека сите до крајот на животот.

 

Поврзани статии

Back to top button