Брза и ефикасна диета со портокали, која трае три дена и е одлична за имунитет!
Ако знаеме дека на нашето тело му треба овошје, тогаш портокалот е еден од најдобрите овошки поради високата содржина на витамин Ц.
Кога сакате да изгубите тежина, нормално е да прибегнете кон модификации на исхраната. Значи, овошјето не треба да недостасува во исхраната бидејќи нуди минерали и витамини кои му се потребни на организмот.
Портокалот придонесува за се што е потребно за телото да остане здраво, бидејќи освен со витамини, богат е и со флавоноиди, каротеноиди, органски киселини и фолати. Затоа се препорачува да го вклучиме во исхраната доколку целта ни е слабеење.
Диетата со портокал не е навистина диета во која ова овошје мора постојано да се јаде, наместо тоа, предлогот на оваа диета е само да го вклучиме портокалот во нашата исхрана, барајќи различни начини за негово консумирање.
Бидејќи може да се јаде на многу начини, стручњаците велат дека е подобро да се јаде целото овошје, а не како сок.
Прв ден
Ручек: портокал, варено јајце, кисело млеко или јогурт
Вечера: два домати или два децилитри доматно пире, 2 варени јајца, мала главица зелена салата или краставица и два двопека.
Втор ден
Ручек: портокал, јајце, кисело млеко, две тост лепчиња
Вечера: 125 грама мелено говедско месо, доматно пире од домати, едно парче тост леб, шолја чај или кафе
Трет ден
Ручек: портокал, варено јајце, кисело млеко, мала главица зелена салата
Вечера: 125 грама мелено месо, портокали, едно парче тост леб, шолја кафе или чај