ЖивотУбави совети
Празнични колачиња – брз и лесен рецепт!
Колачињата со путер ќе ве вратат во детството и ќе внесат празнична атмосфера во домот. Тие не бараат одлични слаткарски вештини, лесни се и брзи за подготовка а се исклучително декоративни.
Потребни состојки:
125 гр омекнат путер
200 гр брашно
1 јајце
100 гр кокосов шеќер
1/2 лажичка цимет
Подготовка:
Месете го тестото, раширете го на набрашнета површина, извадете ги формите со калапите и наредете ги на плех, на хартија за печење. Печете 10-12 минути на 180 степени.
За декорација:
1 белка од јајце, 200 гр шеќер во прав, 1 лажица сок од лимон
Добро измешајте, ставете ја смесата во ќесичка за замрзнување, исечете го горниот дел и оставете ја вашата фантазија да работи. Користете прехранбени бои по желба.