Апарати кои трошат струја дури и кога се исклучени!
Дали знаевте дека некои електрични апарати во домот можат да водат „таен“ живот и да продолжат да работат дури и кога ќе го притиснете копчето за исклучување?
Научниците направиле истражување за да откријат кои уреди се особено непослушни и трошат електрична енергија и кога се исклучени.
Резултатите малку ќе ве изненадат – има и уред на списокот што сигурно никогаш во животот не сте го исклучиле!
Полнач за мобилен, без мобилен телефон.
Тајмерот на рерната исто така троши струја 24/7.
Далечинските управувачи.
Телевизорот, бидејќи со исклучување само го префрлате во режим на мирување.
Компјутерот и лаптопот трошат струја исто така и кога се исклучени.
За некои, овие факти може да изгледаат смешно, но за други, тие можат да значат многу. Во секој случај, исклучувањето на вашите уреди е секако значајно за вашиот буџет. Со оглед на тоа колку секое домаќинство има електрични уреди кои постојано се вклучени, навистина со исклучување може да се заштедат многу пари.