И јас сум жена и не сум против жените, но за се треба да се има граници…
И јас сум жена и не сум против жените, баш напротив секогаш се трудам да најдам објаснување за секоја глупава постапка од страна на некоја жена. Но, за се треба да се има граници. Нешто кое никогаш не смее да го изуми една жена е тоа дека мора да се цени себе си. Па со тоа ќе ја цени и нејзиниот маж. Аман, што ли ви е? Како можете да тагувате, да плачете и да трошите време трудејќи се некој да промените? Зар се уште верувате дека можете маж да го научите на нешто на кое што била должна неговата мајка уште во раните години да го научи? Навиките на љубов, почит, грижа и лојалност кон жените се должни да ги научат мајките, да им го претстават значењето на жените на своите синови. Така да се тоа како еден маж се однесува према својата жена говори за тоа каква мајка го воспитувала. Какви приоритети во животот му наметнала…
Е сега, ти како жена треба да одчучиш дали сакаш да го поминуваш времето, денот, месецот, а и животот со вистински маж или со возрасно дете. Се зависи од тебе. Ако си решила да стапиш во брак со маж кој не е созреан за своите години тоа значи дека ти во животот ќе чуваш едно дете плус засекогаш. Дека наместо да добиваш поддршка и љубов ќе добиваш обврска и грижа. Ќе се трудиш од дете во старо тело да направиш созреана и совесна личност. А тоа кога ќе размислиш и не е воопшто убаво и добро. Ниедна жена на светов не заслужува да живее и трпи таков маж. Таквите мажи кои не знаат да ценат жени и да бидат мажи во вистинска смисла на зборот се само за на кратки стази. Па колку и да ти се допаѓа или да го сакаш мораш да размислуваш трезвено. Не се ниту за долги врски, ниту пак за заеднички живот и брак. Секоја обврска во куќата ќе ти припадне тебе. Не ќе знае да ти направи кафе и со љубење да те разбуди, не ќе знае да те изненади со спремна трпеза, не ќе знае да испазари, не ќе знае да ги избања децата, не ќе знае ни сам да ги причува, не ќе знае ниту да ти ги цени делата и работните способности, оти се ова тој не го знае ниту за самиот себе.
Размислете убаво со каков човек си го трошите времето, и не заборавајте дека немате уште еден живот. Јас вака велам, подобро сама него со размазен и лош маж да го минам животот. Сакам и секоја друга жена да размислува така. Тогаш не би имало тажни разводи и болни моменти. Љубовта е света работа, не се дава секому.