Од насУбави муабети

И доброто и лошото бидете сигурни дека ќе помине!

Во животот доаѓаат периоди кога на човек му треба само мир, мир и ништо повеќе. Кога сфаќа дека од сите стекнати искуства останале само спомените и ништо повеќе. Дека целиот тој труд некогаш даден му бил залуден. Дека некоја ситуација и добро и лошо да поминала сега е само спомен и ништо повеќе.

Доаѓа период кога веќе му е мака и да сонува, и да копнее и да фантазира. Сфаќа дека копнеел по моментални задоволства кои потоа стануваат спомени. А од спомени не се бега. Но, од луѓе, гужви и град полн лицемерие се бега. Ова е време на бегање. Бегање од сите. Само за себе време.

Доаѓа период кога на човека му е мака од се. Мака му е да се жали и да се фали. Мака му е да се извини за нешто што погрешно направил, мака му е и да побара и сослуша извинување.

Доаѓа период кога сам на себе си е многу. Кога сам на себе си смета. Кога нема желба за љубов, за другарување, за создавање.

Среќа па се поминува, и доброто и лошото бидете сигурни дека ќе помине, и ќе стане спомен. Затоа, одморете се, па создавајте убави спомени. Среќни и весели!

 

Поврзани статии

Back to top button