ЖивотУбави совети
Авокадо во сите комбинации!
За денеска ви припремивме одличен рецепт за смути од авокадо. Сите добро знаеме колку е здраво авокадото па затоа ви препорачуваме да го конзумирате што почесто. Одвојте пет минути за подготовка на овој интересен рецепт и уживајте!
Потребни состојки:
1 поголемо авокадо
3 лажици мед
1 чаша бадемово млеко
1 чаши погуст јогурт
Подготовка:
Сите состојки заедно со неколку коцки мраз изблендирајте ги во блендер и веднаш започнете со конзумирање на овој превкусен авокадо десерт!