ЖивотУбави совети
Навиката која води до анксиозност
Во денешно време многу луѓе страдаат од анксиозност и панични напади.
Американските научници спроведоа едно интересно истражување кое покажа кои се навиките кои водат до анксиозност.
Според нив, долготрајното седење води кон појава на анксиозност. Иако седењето одамна се поврзува со лошата физичка состојба ова е прво истражување кое го поврзува седењето и со лоша психичка состојба.
Научниците потенцираат дека секоја активност која од нас не бара одреден физички напор води кон депресија и анксиозност, а освен седењето, на листата на нешта кои предизвикуваат чувства на анксиозност се најдоа и долгото гледање на телевизија, играњето видео-игри и дремењето на социјалните мрежи со часови.