Јас ли да им ја расипам свадбата? Како да и кажам?
Јас не знаев како да и кажам, па не и кажав. Вие, дали кога нешто ќе премолчите чувствувате како да сте измамиле некој? Или како да сте ја предале таа особа на која сте сакале нешто да и кажете?
Јас и премолчев горка вистина на мојата најверна пријателка. И премолчев дека нејзиното момче ја изневерува. Не ме осудувајте. Јас најдобро ја познавам. И да и кажев немаше да ме послуша, ќе ми поверуваше но и ќе се одалечеше од мене а од него не. Јас ќе бев единствената виновничка само заради тоа што сум ја обелоденила вистината. Тие ќе се подскараа и ќе продолжеа на патот кој го одат. А јас? Јас ќе бев изолирана и отргната од нејзиниот живот. Убаво велат старите “Кога не можеш по самарот, уди по магарето”. Сега мене тешко ми е, одвај во очи ја гледам. Ја избегнувам само да не ми дотежи и да и кажам. Се прашувам дали правилно постапувам или не. Не знам што да направам. Тие се со години заедно, спремаат свадба, таа носи негово бебче во нејзината утроба. А, тој ладнокрвно ја изневерува. Зошто баш јас да бидам таа која ќе ја тресне од земја со горчливата вистина?! Зошто сум и најверна пријателка нели. Но, не можам.
Немам срце да ја растажам баш во моментот кога го живее својот сон. Стискам палци за нејзината среќа. Нека биде вистински среќна, а на него има кој да му суди, јас не можам.