Од насУбави муабети

Последната прегратка се памети засекогаш…

Нашата последна ноќ, нашите последни искрени погледи, нашите последни врели бакнежи сигурно ќе ги паметам уште долго. А, нашата последна прегратка ќе ја паметам засекогаш. Никогаш нема да заборавам како твоето срце чукаше на мојот ограз, додека ти нежно ме стикаше кон себе. Толку силно и брзо чукаше, посебна музика создаваше. Се уште тој ритам ми одѕвонува во ушите при секое склопување на очните капачиња. Таа прегратка ветуваше иднина, среќна иднина, наша заедничка иднина. А види не сега, странци кои си ги избегнуваат погледите, кои ја наведнуваат главата и кои длабоко во себе знаат дека е крај. Крај на среќата и крај на љубовта. Но едно нешто ме теши, а тоа се спомените. Тие никогаш нема да ме напуштат, никогаш нема да си заминат. До последен здив ќе ја паметам нашата последна прегратка, цврста како карпа, чиста како море и звучна како песна.

Поврзани статии

Back to top button