Запознавање преку интернет? Има ли некој кој досега не го пробал тоa?
Запознавање преку интернет? Има ли некој кој досега не го пробал тоa? Интересно е тоа што нашите профили на социјалните мрежи можат да откријат повеќе за нашата психолошка состојаба отколку што можеме да претпоставиме.
Токму благодарение на податоците кои истражувачите ги откриле преку анализа на профили на различни корисници, тие дојдоа на златното правило за успех во пронаоѓањето на партнери преку социјалните мрежи.
Истражување спровеле стручни лица од Универзитетот Ајова и тие велат:
Повеќето од нас кога станува збор за избор на профилна слика се одлучаат за најатрактивната фотографија. Сепак, резултатите од истражувањето покажале дека “тајната” е да не претерувате со овие фотографии, бидејќи постои веројатност дека ќе делувате како нарцисоидна и самобендисана личност која пати за внимание и слава.
– Откривме дека луѓето најчесто сакаат да контактираат со оние кои се претставуваат какви што навистина се.
Всушност, луѓето гледаат профили кои изгледаат премногу добро за да бидат вистинити, но не се осудуваат да стапат во контакт со нив.
– Луѓето се свесни дека постојат многу кои лажно се претставуваат или се претрупани на својот профил со “своите” слики и успеси, а такви профили се една од најлошите работи кога станува збор за онлајн запознавање.
Клучот е во тоа што треба да се најде рамнотежа помеѓу реалноста и скромноста, и дека од друга страна треба да се потенцираат своите најдобри карактеристики.
– Да, треба да се забележат позитивни карактеристики, но се врши притисок да се остане со двете нозе на замја- Заклучиле истражувачите.