ЖивотУбави совети

Внимавајте ако се капете во базен!

Доколку планирате дел од слободното време да го поминете капејќи се во базен мора да внимавате на косата и на кожата. Свесни сме дека базенот е идеално место за разладување при високи температури и дека многу од вас често го посетуваат. Хлорот е најверојатно последната работа на која размислувате кога одите на базен, но, може многу негативно да влијае на вашата коса и кожа. Неговата јака бактериска особина не е воопшто добра за влажноста на вашата кожа, ги симнува сите природни маснотии од вашата коса и кожа и ги прави буквално суви.

Сепак, тоа не значи дека треба да го избегнувате капењето во базените но, пожелно е да се подготвите пред да појдете.

За косата како најефикасен начин да ја заштитите се препорачува кратко натопување во обична вода, па потоа со мокра коса да влезете во хлорираната вода. Или, да ставите регенератор кој не се плакне па тој да го спречи хлорот да ја исуши.

Кожата намачкајате ја со убав слој заштитен крем со фактор и да не се капете на отворен базен. Кремата ќе направи баланс помегу хлорот и кожата.

Веднаш по излегувањето од базен истуширајте се под туш, така што побрзо ќе го симнете хлорот од вашата коса и кожа. Избегнувајте јаки сапуни и гелови за тело. Додека кожата ви е морка нанесете крема.

Поврзани статии

Back to top button