Што би требало да тргнете од спалната соба доколку сакате мирен сон и среќна врска?
Спалната соба треба да биде оаза на мирот и хармонијата доколку сакате да имате здрава и среќна врска. Постојат неколку предмети на кои местото не им е во вашата спална соба доколку не сакате да чувствувате негативна енергија во вечерните часови и да имате мирен сон.
* Од спалната исфрлете ги сите скршени предмети, искинати алишта, облека која веќе не ја носите. Тие ви ја одземаат позитивната енергија и ве полнат со негативна. Доколку често се расправате со партнерот во спалната соба, време е за генерална чиста.
* Од оваа просторија исто така би требало да ги тргнете сите документи, платени и неплатени сметки. Размислувањето за нив на потсвесно ниво може да ви го украде сонот.
* Спалната соба не треба да биде место каде ќе ги чувате правосмукалките, даската за пеглање, пеглата или сушарата. Така вдишувате непотребна прашина која може да ви наштети.
* Под креветот не би требало да чувате ништо, а посебно не стари предмети кои не знаете каде да ги сместите.
* И тргнете го телевизорот од спалната соба. Наместо да гледате телевизија пред спиење, разговарајте со партнерот и потрудете се да го сослушате, разберете… И не заборавајте на прегратка и бакнеж за добра ноќ.