ЖивотУбави совети
Штеди денес, еден ден ќе биде доцна!
За многумина штедењето е речиси невозможна мисија со оглед на нашиот стандард и на тоа дека некогаш си дозволуваме да потрошиме повеќе од тоа што можеме да си дозволиме.
Но, има начини да заштедите, а притоа вашиот џеб тоа да не го почувствува:
- На крајот од денот, сите монети од паричникот ставете ги настрана, во касичка или тегла. За неколку месеци ќе соберете доволно пари за да си купите нов телефон.
- Не купувајте кафе и јадење додека сте на работа. Носете ги од дома. Ем ќе се храните поздраво, ем ќе заштедите.
- Собирајте ги промотивните флаери од маркетите, наместо да ги фрлате. Со купување на производи кои ви требаат, а се намалени ќе успеете да заштедите неколку стотки во месецот.
- Следете ги сајтовите кои нудат ваучери за попуст.
- Облека и чевли купувајте на крај на сезона кога се намалени, а не на почеток на сезона кога се најскапи.
- Наместо да купувате нова облека, направете корекции на онаа која веќе ја имате. Широките кошули и фустани кои ви се здосадени можат да бидат новите здолништа.