ЖивотУбави совети

Слатко – кисел десерт!

Колку и да ги обожуваме десертите, ќе дојде време кога ќе ни станат здодевни ако ги подготвуваме секогаш исто. Со други зборови, промената е секогаш добродојдена, а овој рецепт е одличен предлог. Направете освежителни и малку поинакви палачинки.

Потребни состојки:
За палачинки:
2 јајца
250 гр брашно
1 лажица шеќер
Малку рендана кора од лимон
1 ванилин шеќер
400 мл млеко
За фил:
кора од лимон и сок
мед

Подготовка:

Во длабок сад ставете ги јајцата, шеќерот, ванилиниот шеќер и кората од лимон. Изматете за да добиете соединета смеса. Потоа додадете млеко и брашно, и добро изматете ја смесата да не останат грутки. Во тава за палачинки стопете малку путер  и кога добро ќе се загрее можете да започнете со печење. Кората од лимонот измешајте ја со мед и загрејте ја на тивок оган. Количината на медот и лимонот прилагодете ја за свој вкус. Готовите палачинки наполнете ги со филот и завиткајте ги.

На здравје!

Поврзани статии

Back to top button