МодаУбави совети

Шопиг препораки: јакни и капути за оваа зима!

Ако се уште не сте го направиле тоа, крајно време е да си набавите ултра трендовска јакна и палто кои ќе ве загреат во наредниот период. Овие се сосема неодоливи модели меѓу кои лесно ќе го најдете вашиот омилен. Или можеби направивме малку проблеми за тебе? Не можеш да се одлучиш? Ни ние..

Црна и дебела јакна е задолжителна. Ако е надополнена со крзно, не само што ќе изгледате впечатливо туку и ќе бидете многу повеќе затоплени.

Долг капут, во светла боја е вистинкси хит оваа сезона. Лесен е за комбинирање, дава отмен и пристоен изглед.

Уникатна бунда е прав избор. Одлично топли, а носејќи ја може само да се наполите со самодоверба.

Кариран капут е секогаш во мода. Ако се уште немате, што поскоро потрудете се да си набавите.

Кратка полнета јакна е одлична идеја за секоја лежерна пригода.

Кожена јакна, во јака боја плус со многу крзно е совршено модно парче кое ќе го обои секојдневието.

 

Поврзани статии

Back to top button