Од насУбави муабети

Дали навистина си среќен како што си насмеан на фотките?

Насмеан си, среќен и полн со енергија. Но, само навидум. Излегуваш со различни друштва се сликаш и снимаш да доловиш супер забава повеќе од што навистина се забавуваш. Што и да правиш снимаш и пушташ по социјалните мрежи. А јас тоа го гледам, знаеш. Презентираш љубов со различни девојки, објавуваш слики, па ги бришеш. Се тоа е во ред, така си решил да го продолжиш животот и не те осудувам.

Но, сакам само неколку работи да те прашам. Дали навистина си среќен како што си насмеан на фотките? Дали те исполнуваат различните девојки? Дали тоа што си без мене те исполнува? Дали после толку години се осеќаш како повторно да доживуваш тинејџерски бубачки? Дали мислиш да излезеш од кафана? Дали тоа те прави среќен или се е за мој инает?

Немој, не е потребна лажна слика, јас најдобро те познавам. Ако ја сакаш нема туку така одма да ја објавиш и покажеш во јавност. Па не сме деца, не се засакува преку ноќ, нели. Со други го поминуваш времето, ја трошиш секоја секунда од ноќта, но штом легнеш и ги затвориш очите чиј стануваш? Признај си на себе, не мораш на мене!

Поврзани статии

Back to top button