Четири хороскопски знаци кои откако ќе намирисаат сериозност ќе ве стават во зоната на пријатели….
Иако честопати тоа не е нивната намера, тие несвесно ќе ве стават во зона на пријател. На нивното срце е тешко да се закачите. Станува збор за овие четири хороскопски знаци:
Близнаци
Светски шампиони во кршење на срца, близнаците се вистински професионалци во привлекување на вниманието и оставаат многу впечатлив впечаток. Често, поради нивниот шарм и непосредност, изгледаат како да се заинтересирани, иако воопшто не се. Тие имаат проблем со обврзување, но немаат проблем со реченицата: Ние сме само добри пријатели!
Девица
Тие немаат намера да ги ставаат луѓето во зоната на пријатели, туку поради високите стандарди со кои често се соочуваат, тие се разочарани од лицето за кое мислеа дека го има она што тие го сакаат. Фантазираат, па потоа реалноста ги оддалечува и така потенцијаниот партнер им станува пријател.
Водолија
Водолијата сака да биде сама, па мислата дека нештата стануваат посериозни често им изгледа доста страшно. Веднаш штом почувствуваат дека некој е заинтересиран за нешто повеќе, тие бараат спас во пријателска зона.
Стрелец
Тие ја сакаат слободата, и веднаш штом почувствуваат дека некој може да ги врзе, тие набризна се префрлат на пријателска врска. Зона на пријатели е гаранција за нив да останат слободни.