Црвено гнездо од 40 квадрати за двајца!
Избравме модерен и удобен стан со висина на таванот од 4,5 метри што се користи за создавање на галерија за зголемување на просторот.
Површината на првото ниво на станот е 40 m², додека галеријата се протега на 17,5 m². Единствениот извор на светлина во станот е голем прозорец што е до кујнскиот дел. Светло-црвената боја е доминантна нијанса во овој стан.
Станот располага со удобен и пријатен мебел. Погледнете како изгледа станот од галеријата.
На десната страна се наоѓа мала кујна, трпезарија и дневна соба, а левата преуредена галерија е дизајнирана како комбинација од спална соба и работна соба. Во дневната соба има оригинален, шарен софа кревет.
Највпечатливи се големите полици, со големина 72x40x218 cm кои се појавуваат и визуелно ги поврзуваат двете нивоа на станот.
Тие се направени од бел, лакиран челик и секој се состои од четири дела. Преку целиот аранжман, преовладува црвена боја. Скалите кои го поврзуваат горното и долното ниво се исто така интересна скулптура со челична обвивка која дава отсјај како огледало.
Оградата на галеријата се користи како удобен работен дел. На ѕидот има невообичаена часовна скулптура составена од дванаесет коцки со броеви и една со сказалки.
Просторот пред бањата е обоен со светло црвена боја. Од другата страна на ходникот има мини-гардеробер со тркала. Декоративно стакло црвено-бело со светилка е поставена на ѕидот.
Бањата, исто така, има црвена боја на мијалникот, огледалото и ниската клупа.